Во фармацевтската компанија „Бионика фармацеутикалс“ во Скопје вчера профункционира новата производствена линија за фармацевтски производи, а почетокот го означија премиерот Никола Груевски и извршниот директор на германската компанија МЕРK, Маркус Рауер. Основачот на „Бионика фармацеутикалс“, Злата Нововиќ, рече дека новата производствена линија е остварување на нивната цел, со што докажале дека и во Македонија, преку партнерство со реномирани странски компании, можат да се произведуваат висококвалитетни фармацевтски производи по највисоки стандарди. Погонот има 2.500 квадратни метри, опремата е со највисок квалитет, а ќе се произведуваат и до 11.000 пакувања во една смена. Досега во оваа производствена линија инвестиравме 6 милиони евра, а планираме да вложиме уште 4 милиони евра. Целта е над 70 отсто од производството да ги пласираме на странски пазари, а веќе договоривме пласман на пазарите во Србија, Kосово и во Албанија.
Во фармацевтската компанија „Бионика фармацеутикалс“ во Скопје вчера профункционира новата производствена линија за фармацевтски производи, а почетокот го означија премиерот Никола Груевски и извршниот директор на германската компанија МЕРK, Маркус Рауер.
Основачот на „Бионика фармацеутикалс“, Злата Нововиќ, рече дека новата производствена линија е остварување на нивната цел, со што докажале дека и во Македонија, преку партнерство со реномирани странски компании, можат да се произведуваат висококвалитетни фармацевтски производи по највисоки стандарди.
- Погонот има 2.500 квадратни метри, опремата е со највисок квалитет, а ќе се произведуваат и до 11.000 пакувања во една смена. Досега во оваа производствена линија инвестиравме 6 милиони евра, а планираме да вложиме уште 4 милиони евра. Целта е над 70 отсто од производството да ги пласираме на странски пазари, а веќе договоривме пласман на пазарите во Србија, Kосово и во Албанија - посочи Нововиќ.
„Бионика фармацеутикалс“ е основана во 2010 година, како заедничка инвестиција на „Варус“ - Скопје со 49 отсто од основачкиот влог и „Новос“ - Белград со 51 отсто. Двете компании повеќе од 20 години се присутни на пазарите во Југоисточна Европа.